Денар данок!

08.01.2014 17:01

Што да правите доколку пред празниците сте добиле даночно решение со кое се задолжувате  да доплатите денар или два персонален данок за 2012-та. Случаите со еден денар долг за УЈП се полесни  и тие ќе исчезнат , затоа што од 1 јануари лани не се користат дените и оваа статистичка грешка со нивно заокружување едноставно ќе се надмине .

Што да правите доколку пред празниците сте добиле даночно решение со кое се задолжувате  да доплатите денар или два персонален данок за 2012-та. Случаите со еден денар долг за УЈП се полесни  и тие ќе исчезнат , затоа што од 1 јануари лани не се користат дените и оваа статистичка грешка со нивно заокружување едноставно ќе се надмине . Но има 27.000 граѓани кои добиле решение да доплатат  меѓу 2 и десет денари,чија вкупна даночна обврска изнесува околу 86.000.Само банкарската провизија за да доплатите  2 денара во најдобар случај изнесува 30 денари.За многумина тоа е нелогично и прескапо.

Искусните сметководители секогаш имаат добри идеи како да се надминат ваквите проблеми .

,,Ако може да се избегне тој еден денар. Нека се стави дека лицето должи, и наредната година, кога ќе дојде време да се вклучи и таа сума, да се плати тогаш.”-предлага еден од нив.

Од Управата за јавни приходи велат дека даночните обврзници ќе треба да дојдат за да се види дали разликата е од сметководствени или пак од други причини .За да не се провлекува минималниот долг со години, треба да се расчисти состојбата во даночната евиденција.

Пред да тргнете во банка  и да го платите вашиот даночен долг од 1 или пак од  2 денара од УЈП препорачуваат претходно да наминете и да ја срамните вашата даночна картичка .

 Свето Николовски