Ел-Џи подготвува еластичен екран тенок како лист хартија

10.02.2015 15:58

Тој треба да овозможи оптимално прикажување на содржините, како на смартфон, така и на таблет уреди...

Јужнокорејската компанија Ел-Џи планира во јули годинава да почне со масовно производство на нов еластичен екран врз основа на ОЛЕД технологија, што ќе има флексибилност како лист хартија. 
 
Новиот екран со дебелина од 0,88 милиметри има осветленост од 75 лумени и енергетска ефикасност од 60 лумени по ват. Тој треба да овозможи оптимално прикажување на содржините, како на смартфон, така и на таблет уреди. 
 
Одделот за конструкција на компанијата изработи и екран со димензии 320х320 милиметри, што би требало да биде вграден во следните модели на таблети. 
 
Цената на двата екрани се очекува да изнесуваат од 250 долари за најмалиот смартфон до 680 долари за екраните наменети за таблет уреди.