Јавен кокурс за набавка на програмски содржини

11.02.2015 11:05
 

Ј  А  В  Е  Н   К  О  Н  К  У  Р  С

ЗА НАБАВКА НА ПОГРАМСКИ СОДРЖИНИ

 

Македонската Радио Телевизија објавува ЈАВЕН КОНКУРС за набавка на аудио или аудиовизуелни дела, односно на програмски содржини за 2015 година. Право да учествуваат на јавниот конкурс имаат независни продуценти – физички и правни лица.

Програмите на независните радио и телевизиски продукции се однесуваат на радио и телевизиски емисии од информативна, играна, документарна, културна, уметничка, образовна, детска, забавна и спортска содржина, како и содржини посветени на различните етнички заедници и други содржини со кои се обезбедуваат правата и интересите на граѓаните.

Независните продуценти мора да достават изработени синопсиси, сценарија или со готови пилот епизоди, како и финансиски калкулации за конкретните програми. Апликантите готовите предлог проекти ги доставуваат во Архивата на МРТ.

Конкурсот е во трање од 30 дена, од денот на објавување. Конкурсот е објавен на 11.02.2015 година.  

 

Со Почит,

МРТ