Лагард : ММФ ќе ја зголеми прогнозата за раст на светската економија

09.01.2014 11:20

Меѓународниот монетарен фонд ќе ја зголеми прогнозата за раст на светската економија, најави извршната директорка  Кристин Лагард во Најроби.
,, Ќе ја зголемиме прогнозата за раст на светската економија - изјави Кристин Лагард на прес-конференцијата во главниот град на Кенија,  притоа нагласувајќи  дека се уште е рано да се изнесуваат повеќе детали.

Во редовните  прогнози за движењето на глобалната  економија,  објавени во октомври 2013 година ММФ ги намали прогнозите, заклучувајќи дека растот и натаму е бавен". Според тие прогнози , светската економија лани   пораснала за 2,9%, а годинава би требало да расте побрзо, со стапка од  3,6%.
Во ноември лани,  ММФ предупреди дека брзо растечките економии  забавуваат, иако во најголем дел  придонесуваат за  растот на глобалната   економија.Според монетарците од Вашингтон ,  развиените земји, особено САД, покажуваат знаци на заздравување.