О Д Л У К А за измена на Одлука за изведувачи и композиции кои не се прифатени односно се одбиени на конкурсот за создавање на нови композиции од 04.02.2015 година

13.02.2015 14:01

Врз основа на член 66 став 1 алинеја 10 од Статутот на ЈРП Македонска Радиотелевизија бр.01-765/1 од 30.01.2015 година и член 20 став 1 од Закон за поддршка на домашната музичка продукција (Службен весник на РМ бр.119/2013, а во врска со четвртиот квартален конкурс во 2014 година, објавен на 27.09.2014 година, Работоводниот орган на ЈРП Македонска Радиотелевизија Скопје, на ден 09.02.2015 година ја донесе следната:

 

 

О Д Л У К  А

за измена на Одлука за изведувачи и композиции кои не се прифатени односно се одбиени на конкурсот за создавање на нови композиции број 02-184/6 од 04.02.2015 година

 

 

Член 1

Работоводниот орган на Јавното радиодифузно претпријатие МАКЕДОНСКА РАДИОТЕЛЕВИЗИЈА врши измена на Одлука за изведувачи и композиции кои не се прифатени односно се одбиени на конкурсот за создавање на нови композиции, заверена под број 02-184/6 од 04.02.2015 година, донесена од Работоводниот орган на ЈРП Македонска Радиотелевизија Скопје.

 

Член 2

Уводот на Одлуката за изведувачи и композиции кои не се прифатени односно се одбиени на конкурсот за создавање на нови композиции, заверена под број 02-184/6 од 04.02.2015 година, донесена од Работоводниот орган на ЈРП Македонска Радиотелевизија Скопје, се менува и гласи:

„Врз основа на член 66 став 1 алинеја 10 од Статутот на ЈРП Македонска Радиотелевизија број 01-765/1 од 30.01.2015 година и член 20 став 1 од Закон за поддршка на домашната музичка продукција (Службен весник на РМ бр.119/2013), а во врска со четвртиот квартален конкурс во 2014 година, објавен на 27.09.2014 година, Работоводниот орган на ЈРП Македонска Радиотелевизија Скопје, на ден 30.01.2015 година ја донесе следната:“

Член 3

Во категорија „ВРВЕН ИЗВЕДУВАЧ“ забавна музика, по точката 6 се додава нова точка „7“ која гласи:

 

„7.ЃОРЃИ КРСТЕВСКИ како изведувач на композицијатаЗАБОРАВИ НА СЕ“, автор на музика, текст и аранжман Ѓорѓи Крстевски, продуцент на аудио запис ИНТЕР МЕДИА ДООЕЛ, продуцент на видеозапис АВАРД ФИЛМ И ВИДЕО ДООЕЛ.“

 

Член 4

Оваа измена станува составен дел на Одлука за изведувачи и композиции кои не се прифатени односно се одбиени на конкурсот за создавање на нови композиции, заверена под број 02-184/6 од 04.02.2015 година, донесена од Работоводниот орган на ЈРП Македонска Радиотелевизија Скопје и влегува во сила со денот на нејзиното донесување.

            Одлуката за изведувачи и композиции кои не се прифатени односно се одбиени на конкурсот за создавање на нови композиции, заверена под број 02-184/6 од 04.02.2015 година, донесена од Работоводниот орган на ЈРП Македонска Радиотелевизија Скопје, во останатиот дел останува непроменета и важи.

 

Член 5

            Оваа Одлука за измена на Одлука за изведувачи и композиции кои не се прифатени односно се одбиени на конкурсот за создавање на нови композиции, заверена под број 02-184/6 од 04.02.2015 година, донесена од Работоводниот орган на ЈРП Македонска Радиотелевизија Скопје, веднаш по донесувањето да се објави на веб страницата на ЈРП Македонска Радиотелевизија Скопје.

 

 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 

            Работоводниот орган на ЈРП МРТ – Скопје, врз основа на Извештај број 02-184/4 од 28.01.2015 година, донесе Одлука за изведувачи и композиции кои не се прифатени односно се одбиени на конкурсот за создавање на нови композиции број 02-184/6 од 04.02.2015 година.

           

            ЈРП МРТ констатираше пропуст во доставениот Извештај од Комисијата за одлучување по четвртиот квартален конкурс за 2014 година, па се обрати до Комисијата со Барање за измена на Извештај  број 02-184/3 од 28.01.2015 година и          Извештај број 02-184/4 од 28.01.2015 година, по што Комисијата до Работоводниот орган на ЈРП МРТ Скопје достави Измена на Извештај број 02-184/4 од 28.01.2015 година, заверен под број 02-184/9 од 06.02.2015 година, со кој го измени Извештајот број 02-184/4 од 28.01.2015 година на начинот како е наведено во член 3 од оваа Одлука.

 

По ова следуваше Работоводниот орган на ЈРП МРТ Скопје да ја донесе оваа Одлука за измена на Одлука за изведувачи и композиции кои не се прифатени односно се одбиени на конкурсот за создавање на нови композиции број 02-184/6 од 04.02.2015 година, со која одлучи како во диспозитивот на оваа Одлука.

 

 

 

                                                                             Работоводен орган на ЈРП МРТ Скопје