О Д Л У К А за измена на Одлука за избор на изведувачи односно на нови композиции од 04.02.2015 година

13.02.2015 14:04

Врз основа на член 66 став 1 алинеја 10 од Статутот на ЈРП Македонска Радиотелевизија бр.01-765/1 од 30.01.2015 година и член 20 став 1 од Закон за поддршка на домашната музичка продукција (Службен весник на РМ бр.119/2013), а во врска со четвртиот квартален конкурс во 2014 година, објавен на 27.09.2014 година, Работоводниот орган на ЈРП Македонска Радиотелевизија Скопје, на ден 09.02.2015 година ја донесе следната:

 

О Д Л У К А

за измена на Одлука за избор на изведувачи односно на нови композиции

број 02-184/5 од 04.02.2015 година

 

Член 1

Работоводниот орган на Јавното радиодифузно претпријатие МАКЕДОНСКА РАДИОТЕЛЕВИЗИЈА врши измена на Одлука за избор на изведувачи односно на нови композиции број 02-184/5 од 04.02.2015 година, донесена од Работоводниот орган на ЈРП Македонска Радиотелевизија Скопје.

 

Член 2

Уводот на Одлуката за избор на изведувачи односно на нови композиции број 02-184/5 од 04.02.2015 година, донесена од Работоводниот орган на ЈРП Македонска Радиотелевизија Скопје, се менува и гласи:

„Врз основа на член 66 став 1 алинеја 10 од Статутот на ЈРП Македонска Радиотелевизија бр.01-765/1 од 30.01.2015 година и член 20 став 1 од Закон за поддршка на домашната музичка продукција (Службен весник на РМ бр.119/2013), а во врска со четвртиот квартален конкурс во 2014 година, објавен на 27.09.2014 година, Работоводниот орган на ЈРП Македонска Радиотелевизија Скопје, на ден 02.02.2015 година ја донесе следната:“

 

Член 3

Во категорија „ВРВЕН ИЗВЕДУВАЧ“ забавна музика, зборовите:

 

„10.ЃОРЃИ КРСТЕВСКИ како изведувач на композицијатаЗАБОРАВИ НА СЕ“, автор на музика, текст и аранжман Ѓорѓи Крстевски, продуцент на аудио запис ИНТЕР МЕДИА ДООЕЛ, продуцент на видеозапис АВАРД ФИЛМ И ВИДЕО ДООЕЛ.“,  СЕ БРИШАТ.

 

Член 4

Оваа измена станува составен дел на Одлука за избор на изведувачи односно на нови композиции број 02-184/5 од 04.02.2015 година, донесена од Работоводниот орган на ЈРП Македонска Радиотелевизија Скопје и влегува во сила со денот на нејзиното донесување.

            Одлуката за избор на изведувачи односно на нови композиции број 02-184/5 од 04.02.2015 година, донесена од Работоводниот орган на ЈРП Македонска Радиотелевизија Скопје, во останатиот дел останува непроменета и важи.

 

Член 5

            Оваа Одлука за измена на Одлука за избор на изведувачи односно на нови композиции број 02-184/5 од 04.02.2015 година, донесена од Работоводниот орган на ЈРП Македонска Радиотелевизија Скопје, веднаш по донесувањето да се објави на веб страницата на ЈРП Македонска Радиотелевизија Скопје.

 

 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 

            Работоводниот орган на ЈРП МРТ – Скопје, врз основа на Извештај број 02-184/3 од 28.01.2015 година, донесе Одлука за избор на изведувачи односно на нови композиции  број 02-184/5 од 04.02.2015 година.

            ЈРП МРТ констатираше пропуст во доставениот Извештај од Комисијата за одлучување по четвртиот квартален конкурс за 2014 година, па се обрати до Комисијата со Барање за измена на Извештај  број 02-184/3 од 28.01.2015 година и          Извештај број 02-184/4 од 28.01.2015 година. Постапувајќи по Барањето, Комисијата до Работоводниот орган на ЈРП МРТ Скопје достави Измена на Извештај број 02-184/3 од 28.01.2015 година, заверен под број 02-184/8 од 06.02.2015 година, со кој го измени Извештајот број 02-184/3 од 28.01.2015 година на начинот како е наведено во член 3 од оваа Одлука.

 

По ова следуваше Работоводниот орган на ЈРП МРТ Скопје да ја донесе оваа Одлука за измена на Одлука за избор на изведувачи односно на нови композиции број 02-184/5 од 04.02.2015 година, а заради следните причини:

         

На авторот Ѓорѓи Крстевски со Одлука за избор на изведувачи односно на нови композиции број 02-6935/11 од 18.11.2014 година во третиот квартален конкурс му беше поддржана една композиција во категорија „Композиции со кои се афирмираат семејните вредности во општеството или многудетните семејства“.

Со Одлуката за избор на изведувачи односно на нови композиции од четвртиот квартален конкурс број 02-184/5 од 04.02.2015 година, на изведувачот Ѓорѓи Крстевски му беа избрани две композиции во категоријата „Врвен изведувач“ и една композиција во категоријата „Композиции со кои се афирмираат семејните вредности во општеството или многудетните семејства“, со што на изведувачот би му биле поддржани вкупно 4 композиции во текот на една година, што е спротивно на член 14 став 1 од Законот за подршка на домашна музичка продукција кој гласи:„На еден ист изведувач во текот на годината може во согласност со овој закон да му бидат поддржани најмногу до три композиции“.

 

Поради горенаведеното следуваше Работоводниот орган на ЈРП МРТ Скопје да одлучи како во диспозитивот на оваа Одлука.

 

                                                        

 

 

 

                    Работоводен орган на

    ЈРП Македонска радиотелевизија Скопје