Кога треба да се очекува породувањето

09.01.2014 11:52

Наjверојатно вашиот лекар ќе го предвиди датумот кога може да очекувате да се роди вашето бебе, но немојте строго да се придржувате до неговата прогноза. Должината на носењето може да биде различна, а сепак да биде нормална; понекогаш постојат и други фактори кои отежнуваат да се дојде до точна математика. Лекарите обично пресметуваат 280 денови, или десет месечеви мени, почнувајќи од првиот ден на последната менструација. Пресметајте наназад три календарски месеци од првиот ден на ваѓиот последен циклус, и додадете седум календарски денови.

Наjверојатно вашиот лекар ќе го предвиди датумот кога може да очекувате да се роди вашето бебе, но немојте строго да се придржувате до неговата прогноза. Должината на носењето може да биде различна, а сепак да биде нормална; понекогаш постојат и други фактори кои отежнуваат да се дојде до точна математика. Лекарите обично пресметуваат 280 денови, или десет месечеви мени, почнувајќи од првиот ден на последната менструација. Пресметајте наназад три календарски месеци од првиот ден на ваѓиот последен циклус, и додадете седум календарски денови. Да речеме дека последната менструација почнала на 16.декември. Избројте три месеци наназад и ќе добиете 16.септември, и потоа додајте седум денови. Тоа значи дека можете да го очекувате породувањето околу 23.септември. Запаметете дека овде се работи за механичко погодување, бидејќи ниту вашиот лекар, ниту било кој друг, не знае колку навистина ќе му биде потребно на вашето бебе да се припреми за раѓање. Ова најмногу се однесува ако го очекувате вашето прво дете, и нималку не треба да ве изненадат две недели повеќе или помалку.Ако често го посетувате лекарот пред крајот на бременоста, и ако тој го прати откуцувањето на срцето на детето, ќе бидете сигурни дека се ќе биде во ред. Не барајте од вашиот лекар да ги забрза работите. Ако тој заклучи дека треба да го забрза породувањето, сам ќе ги превземе потребните мерки.