Конкурс за фестивалот „Цветници“ 2015

19.02.2015 14:35


Македонската Радио Телевизија распишува конкурс за избор на оригинални, новосоздадени  авторски песни во духот на македонската фолклорна музичка традиција , коишто ќе бидат изведени на фестивалот „Цветници“ 2015- та во Скопје.

 

- Песните  коишто ќе бидат испратени на конкурсот, треба да бидат во духот на македонската  мелопоетска традиција , со текст на македонски јазик,  со задржани ритмичко-мелопоетски структури, со слобода за современи хармонски и аранжерски авторски решенија.

- На конкурсот учествуваат  комплетни авторско –изведувачки тимови, со композиции снимени  како квалитетна демо снимка со вокал кој добро ќе ја изразува музичко – текстуалната смисла на композицијата, и текст во три примероци, на аудио ЦД формат.

- Еден авторско изведувачки тим  може да учествува на конкурсот со повеќе композиции.

- Вкупното времетраење на композициите не смее  да надминува 4 минути, а истите не смеат да бидат претходно изведувани или снимени на носач на звук.

- Македонската Радио Телевизија го задржува правото на прво јавно изведување на песните со Големиот Народен Оркестар, како и издавање на композициите коишто ќе бидат примени на конкурсот.

- Секоја композиција селектирана на конкурсот, ќе добие финансиски надомест од 42 ооо денари за комплетниот авторско – изведувачки тим.

- Фестивалот „Цветници“ 2015, ќе има натпреварувачки карактер, при што за конечниот пласман одлучуваат гласовите на телевоутинг и стручно жири во сооднос 50:50 %.  Победничката композиција ќе биде наградена со сума од 600.000 денари, второплсираната со сума од 450.000 денари и третопласираната композиција на фестивалот со сума од 300.000 денари.

- Право на учество на конкурсот има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија.

- Песните за конкурсот  со демо снимка на ЦД, во затворен коверт, се испраќаат по пошта на адреса : Македонска  Радио Телевизија, со назнака ЗА ФЕСТИВАЛОТ „ЦВЕТНИЦИ“ 2015 , бул.„Гоце Делчев“ број 18, 1000 Скопје, или се доставуваат директно во архивата на ЈП МРТ.

- Конкурсот трае до 1-ви март 2015-та година.

- Материјалите пристигнати на конкурсот, МРТ нема обврска да ги враќа на авторите.