Во Жабени денеска ќе биде отворена фабриката Кромберг и Шуберт

Oтворање на фабриката Кромберг и Шуберт во Жабени

18.10.2013 12:16

Во индустриската зона Жабени во Битола денеска ќе биде отворена фабриката Кромберг и Шуберт

Во индустриската зона Жабени во Битола денеска ќе биде отворена фабриката Кромберг и Шуберт. Компанијата ја сочинуваат четири деловни единици, кабли, мрежи, пластична технологија и мехатроника, а производите ги пласира кај најголемите европски производители на автомобили БМВ, Мерцедес, Ауди... Оваа германска инвестиција беше најавена во мај 2012 година.
 
Кромберг и Шуберт вработува повеќе од 23.000 луѓе ширум светот, а во Македонија најави вработувања на 2.500 работници. Вкупната инвестиција се проценува на 20 милиони евра.
 
„Кромберг и Шуберт“ е семејна фирма во индустријата на автомобилски добавувачи која има успешна историја повеќе од еден век. Со над десетина илјади вработени низ цел свет фирмата развива и произведува високо технолошки производи, како кабли, кабловски инсталации, пластична технологија и мехатроника.
 
Во септември годинава во фабриката на „Кромберг и Шуберт“ веќебеа вработени 836 граѓани, а во декември се очекува да бидат вработени уште 200 граѓани со што ќе биде надмината предвидената бројка на вработувања за до крајот на 2013 година.