Тенис – Дубаи 500

Кралот на Дубаи, Федерер „Седми“!

28.02.2015 20:34

Федерер со стил ја освои седмата рекордна титула во Дубаи од категоријата 500. Во финалето, Роџер славеше против првиот светски рекет Новак со 6:3 и 7:5 за 84 минути...

На врвните спортисти годините не им пречат, па и на 33, Роџер Федерер победува на силни турнири и против најдобриот светски тенисер, Новак ѓоковиќ.

Федерер со стил ја освои седмата рекордна титула во Дубаи од категоријата 500. Во финалето, Роџер славеше против првиот светски рекет Новак со 6:3 и 7:5 за 84 минути.

Клучни за 85-от турнирски пехар на Швајцарецот, покрај одличната игра беа и двете неискористени сет топки на Србинот за израмнување на 1:1.

Во 37-те меѓусебни дуели, Федерер води со 20:17. Ѓоковиќ пак, остана на четири пехари во Дубаи и на 49 во кариерата.