Компанијата Dell ја зголемува ефикасноста на работењето со база на податоци

Dell избран за најдобар производител на flash решенија за складирање податоци

18.10.2013 13:34

Компанијата Dell ја зголемува ефикасноста на работењето со база на податоци нудејќи на корисниците нови ценовно поповолни решенија за складирање на податоците и поефикасно користење на просторот во куќиштето.
Компанијата Dell ја зголемува ефикасноста на работењето со база на податоци нудејќи на корисниците нови ценовно поповолни решенија за складирање на податоците и поефикасно користење на просторот во куќиштето.
Јорисниците оддадоа признание на компанијата Dell именувајќи ја за прв избор при имплементацијата на flash/SSD решенија надминувајќи ги другите компании за шест или повеќе бодови. Според резултатите на анкетата TIC/Storage Strategies NOW спроведена меѓу повеќе од 550 глобални IT лидери, 32 отсто од испитаниците моментно користат или планираат имплементација на flash/SSD технологија.
 
„Употребата на сложени апликации за анализа на големи количини податоци и обработка на трансакции овозможува на организациите да работат побргу, да донесат подобри одлуки врз основа на повеќе информации, како и да го подобрат квалитетот на услугите кои ги даваат на корисниците. Меѓутоа, задоволувањето на барањата на корисниците може да виде многу скапо,“ рече Алан Аткинсон, потпретседател и еден од генералните директори на Dell Storage центарот. „Dell е единствениот голем дистрибутер кој успешно најде начин да понуди all-flash решенија по цена на класичен диск. Dell интегрира flash во целосно функционални решенија за складирање и користи Enterprise Storage функции, како рангирање, репликација и управување со податоците со цел да ги поддржат високите барања следејќи ниво на ценовна ефикасност и нов пристап до корисниците.“
 
Dell Compellent Flash-optimized Solutions се првите производи во својата класа со интелигентно групирање на податоците низ различни видови на flash технологии или во комбинација со класични дискови кои ги поддржуваат високите перформанси и интензивните работни оптоварувања. Новиот пристап кон корисниците дава можност за групирање на сите податоци за IOPS апликацијата – како Oracle, SQL, SAP, VDI, big data и приватни решенија во облак — на flash со цел да обработат повеќе трансакции за пократко време и воедно да ги намалат вкупните трошоци, правејќи ги споредливи со класичните системи на складирање на диск. Благодарение на вградената високо грануларна интелигенција и подобрените можности кои автоматски ги групираат податоците и ја оптимизираат работата, Dell Compellent all-flash решенијата чинатпомалку во споредба со оние кои користат класични брзи дискови со 15.000 вртежи.
 
Напредната функција Dell Compellent Storage Center 6.4, достапна без дополнителни трошоци за корисниците со активни договори, овозможува бележење на податоци на многу сигурни flash (SLC) медиуми со високи перформанси. Со стареењето на податоците, автоматски се префрлаат во друга група на поповолни flash (MLC) медиуми со поголем капацитет. На крајот се префрлаат на пристапни тврди дискови со висок капацитет. Ваквиот пристап комбинира неколку нивоа на flash со традиционалниот начин на складирање на диск, овозможувајќи на тој начин намалчување на трошоците до дури 80 отсто во споредба со all-flash решението.
 
Со поврзување на dual flash drive типовите и класичните дискови на компаниите можат:
 
• Да користат до 84 отсто помалку простор за сместување на серверот и други пасивни и активни мрежни опреми,
 
• Да го подобрат учинокот со намалување на периодот на латенција до 90 отсто,
 
• Да ги смалат трошоците за околу 56 отсто во споредба со класичните дискови.
 
Брзиот раст на неструктурните податоци, како аудиото, видеото и сликовните датотеки, доведе до побарувачка за ценовно поволни решенија со кои податоците можат да се чуваат онлајн и така секогаш да бидат достапни. Dell испорачува и Dell Compellent SC280 оптимизирано куќиште со 2,8 пати поголем капацитет од конвенционалните 2U 3,5-инчни куќишта за класични дискови. На тој начин овозможено е поврзување на податоците со flash медиуми со високи перформанси со медиумите со висок капацитет во едно куќиште. Со оваа комбинација информатичките стручњаци можат по поволна цена да дадат поддршка во остварување на деловните цели, да дадат подобар увид во податоците и да пренасочат повеќе средства во развој ан иновациите и услугите за привлекување и задржување на корисниците. 
 
Со капацитет до 336 терабајти на хард дисковите во 5U куќиште компаниите можат да го максимизираат просторот и така да создадат компактно решение за масовно складирање податоци за колокациски опкружувања или file workflow (како радиологијата, биотехнологијата и медиумските архиви).