Jавен повик за дебата по повод подготовката на предлог законот за измена и дополнување на Законот за поддршка на домашната музичка продукција

04.03.2015 15:07

Јавно радиодифузно претпријатие Македонска Радиотелевизија Скопје и Министерството за култура на РМ, по  повод подготовката на предлог законот за измена и дополнување на Законот за поддршка на домашната музичка продукција(Службен весник на РМ бр.119 од 29.08.2013година), организираат јавна дебата  и ги повикуваат сите заинтересирани изведувачи, автори и продуценти да земат учество на јавната дебата, која ќе се одржи на ден 10.03.2015 година со почеток во 12,00 часот во просториите на ЈРП МРТ Скопје во Сала за состаноци на вториот кат.