Епл го надмина Самсунг во продажбата на смартфони

09.03.2015 15:12

Епл продаде 74,83 милиони „АјФон“ уреди низ целиот свет, со раст на продажбата од 49 проценти во текот на овој квартал, додека Самсунг продаде 73.03 милиони уреди, што е пад од 12 проценти од однос на претходниот квартал...

Американскиот производител на мобилни уреди „Епл“ продаде повеќе смартфони од „Самсунг електроникс“ во четвртиот квартал на минатата година заклучно со октомври, со што го надмина јужнокорејскиот конкурент за првпат од 2011 година, објави истражувачката компанија Гартнер. 
 
Епл продаде 74,83 милиони „АјФон“ уреди низ целиот свет, со раст на продажбата од 49 проценти во текот на овој квартал, додека Самсунг продаде 73.03 милиони уреди, што е пад од 12 проценти од однос на претходниот квартал. 
 
Успехот на телефонот „АјФон 6“ и „АјФон 6 плус“  ја зголеми продажбата на Епл во првото тримесечје на тековната година, остварувајќи профит од 18 милијарди долари, што е најголем во историјата на компанијата, изјави Хауард Силверблат, аналитичар на агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард енд Пурс“. 
 
Самсунг, од друга страна, забележа петто тримесечје по ред пад на профитот во одделот за продажба на мобилни уреди.