Јавен повик за уредна достава на опомена за плаќање на неплатен долг за радиодифузна такса

14.03.2015 10:30
ЈАВЕН ПОВИК
за уредна достава на опомена за плаќање на неплатен долг за радиoдифузна такса
 
Врз основа на член 86 и член 87 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на РМ” бр.38/05...51/11), Управата за јавни приходи ги повикува обврзниците на радиодифузна такса наведени во листата објавена на веб страницата http://www.ujp.gov.mk/mk/otvoreni_povici во рок од осум (8) дена од денот на објавувањето на оваа објава да дојдат во просториите на надлежната Регионална дирекција на УЈП, секој работен ден од 08:30 до 18:00 часот, за да им се достави Опомената која УЈП не била во можност да ја достави на последната пријавена адреса во Регистарот на обврзници на радиодифузна такса кој го води ЈП Македонска радиотелевизија.
 
„Листата за уредна достава на опомена за плаќање на неплатен долг за радиoдифузна такса“ објавена на веб страницата на УЈП содржи податоци за: 1) Име и презиме на обврзник на радиодифузна такса, 2) Последна адреса на обврзник на радиодифузна такса, 3) Регионална дирекција на УЈП, 4) Број на опомена, 5) Датум на опомена.Доколку лицето – обврзник на радиодифузна такса наведено во „Листата за уредна достава на опомена за плаќање на неплатен долг за радиoдифузна такса“ не се јави и не изврши прием на Опомената во наведениот рок, УЈП ќе изврши и еднократна објава во „Службен весник на РМ“. 
 
По објавата во „Службен весник на РМ“ ќе се смета дека е извршена уредна достава на Опомената и негативните последици кои евентуално ќе настапат ќе ги сноси обврзникот за радиодифузна такса.