Бритни и Мајли во Франција само после 22 часот

10.01.2014 11:21

Бритни Спирс евоцира „атмосфера на мазохизам каде жената е прикажана на начин што може да ја шокира пошироката публика“, додека Мајли Сајрус промовира „сцени со сексуална конотација“, наведува Високиот совет на француската радиодифузна агенција АДС.

Сексот и голотијата продаваат се, е старо мото што според најновите видео записи, се раководеле и режисерите на американските пејачки Мајли Сајрус и Бритни Спирс. Во обид едната да ја поврати, а другата да ја постигне својата глобална слава сепак музичките ѕвезди отишле и чекор предалеку.

Тоа е став на Високиот совет на француската радиодифузна агенција, што видео записите на песните „WreckingBall“ и „Work B**ch“, ги оцени како премногу провокативни за пошироката публика. Бидејќи овие музичко-визуелни содржини не се во согласност со препораките донесени во 2005 година, АДС го забрани нивното емитување пред 22 часот во Франција.