Статистиката на страна на Мојс

10.01.2014 12:36

Манчестер јунајтед лошо ја почна сезоната, навивачите се незадоволни од остварувањата на англискиот шампион, па нормално е менаџерот Дејвид Мојс да биде под се поголем притисок. Сепак, шкотскиот фудбалски стратег има силен адут на своја страна кога го анализира сопствениот ефект на тренерската клупа на „Олд Трафорд“.

Манчестер јунајтед лошо ја почна сезоната, навивачите се незадоволни од остварувањата на англискиот шампион, па нормално е менаџерот Дејвид Мојс да биде под се поголем притисок. Сепак, шкотскиот фудбалски стратег има силен адут на своја страна кога го анализира сопствениот ефект на тренерската клупа на „Олд Трафорд“. Статистиката покажува дека Мојс е поуспешен менаџер на Манчестер јунајтед од неколку негови славни претходници, се разбира доколку се оценува билансот на тренерите по 31 натпревар од нивната премиерна сезона на кормилото на „црвените ѓаволи“.

Мојс досега забележа 18 победи, а најуспешниот тренер на Манчестер јунајтед Сер Алекс Фергусон оствари 12 триумфи на 31 меч во воведот на сезоната 1986/87. Со вакво постигнување Фергусон е четврти на оваа листа, а пред него, покрај Мојс се легендарниот Безби со 15 и Еткинсон со 14 победи.

Поради различниот квалитет на екипата и на конкуренцијата во англискиот фудбал, јасно е дека ваквите споредби не се докрај илустративни, но се добредојдени за Мојс, со оглед дека од него се очекува што побрзо да го крене тимот во врвот на неколку фронта. Во новиот премиерлигашки викенд Манчестер јунајтед влегува со три порази во серија во сите конкуренции.