Кејт би требало да се породи кон крајот на декември

Кејт Винслет го покажа трудничкиот стомак

18.10.2013 13:53

Глумицата Кејт Винслет се појави на црвениот тепих на премиерата на филмот „Labour Day“, кадешто гордо го покажа својот труднички стомак.

Кејт би требало да се породи кон крајот на декември со своето трето дете кое го чека со сопругот Ник Рокенрол.
 
Глумицата била видно насмеана и расположена, а бременоста одлично и прилега со оглед на тоа што навистина прекрасно изгледа.
 
Кејт неодамна изјавила дека не се грижи за килограмите и дека слабост и се слатките. Иако добила бројни критики на сметка на својот изглед, глумицата вели дека никогаш не сакала да биде слаба и дека во Холивуд има се повеќе ѕвезди со облини.