Бошко Ѓуровски дебитира со Летонија

10.01.2014 15:26

Поранешниот учесник на ЕП ...

Поранешниот учесник на ЕП од 2004-та, фудбалската селекција на Летонија ќе гостува на „Филип Втори“ Арената во Скопје на 5-ти март. Тоа ќе биде прв тест во овој деветмесечен вакуум период пред септемврискиот старт на квалификациите за Евро 2016-та во Франција. За новиот предводник на македонската репрезентација Бошко Ѓуровски овој пријателски натпревар ќе биде дебитантски на селекторската клупа.

„ Натпреварот е за мене посебен, дебитирам на оваа функција и чувството е позитивно. Е надевам дека луѓето ќе дојдат на Националната арена и ќе ни дадат подршка. До мартовскиот тест со Летонија има доволно време, деталите околу изборот на фудбалерите ќе ги соопштам во наредниот период. Мислам дека ќе биде добар натпревар, Летонија е квалитетна селекција, нивното место на листата на ФИФА, сметам дека не соодветсвува со нивниот вистински потенцијал. Ова ќе биде добра проверка,одлична можност да се соочам со квалитетот и потенцијалот на фудбалерите кои ќе добијат шанса во селекцијата“, изјави за интернет страницата на ФФМ, Бошко Ѓуровски.

Македонија прв пат ќе се сретне со Летонија, репрезентација која во моментов е 116-та на ФИФА ранг листата.