Богатинов пред договор со Стеауа

10.01.2014 16:10

Нашиот репрезентативец Мартин Богатинов

Нашиот репрезентативец Мартин Богатинов е прв кандидат за засилување на голманската позиција во романскиот шампион Стеауа. Сино-црвените од Букурешт чиј член е Даниел Ѓорѓиевски, шест месеци нема да можат да сметаат на услугите на талентираниот голман Валентин Чојоцару кој е повреден. Тoкму затоа деновиве се во преговори и финализирање на финансиските детали околу трансферот на Богатинов, кој е слободен играч откако му заврши договорот со украинскиот прволигаш Карпати. 27 годишниот македонски интернационалец кој има 15 настапи во репрезентативниот дрес, во кариерата настапуваше и за Силекс, Вардар и  Работнички.