Пандев останува во Наполи

10.01.2014 16:16

Најдобриот македонскиот фудбалер Горан Пандев до крајот на оваа сезона ќе игра во дресот на Наполи, откако раководството на небесно-сините упатија јасно НЕ за Фиорентина, која беше заинтересирана за негов трансфер.

Тренерот на „виолетовите“ Винченсо Монтела побарал од челниците на клубот да отворат преговори со Пандев , кој бил негов прв кандидат за засилување на напаѓачката линија која е драстично ослабена по повредата на Џузепе Роси.

„Скај Италија“  информира дека претседателот на „наполитанците“ Аурелио Де Лаурентис, експресно реагирал и ја откажал Фиорентина од намерите со ставот дека Пандев е недостапен за трансфер.