МЕЃУНАРОДЕН КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА КОМПОЗИЦИИ ЗА 31то ИЗДАНИЕ НА ФЕСТИВАЛОТ НА НОВОСОЗДАДЕНИ МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ “ФОЛК-ФЕСТ ВАЛАНДОВО 2015“

23.03.2015 10:05

 

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Фестивалот ФОЛК-ФЕСТ Валандово 2015 ќе се одржи во втората половина на месец Септември 2015 година во Валандово, Р.Македонија и ќе презентира 30 нови македонски народни песни. Во 3-те дена, колку што е предвидено да трае фестивалот, ќе се одржат две полуфинални вечери, секоја со по 15 композиции и една финална вечер со вкупно 20 композиции, односно по 10 композиции од секоја полуфинална вечер кои ќе бидат избрани по пат на гласање. Предвиден е директен телевизиски пренос на сите три фестивалски вечери, а изведувачите ќе настапуваат во живо во придружба на Народниот оркестар на МРТВ.

Општина Валандово во својство на организатор заедно со Министерството за Култура на Р.Македонија во својство на генерален покровител, на крајот на третата финална вечер ќе доделат седум парични награди и тоа:

-    1ва награда во износ од 10.000,00 евра, која ќе биде доделена според вкупниот број на освоени гласови во финалната вечер;

-    2ра награда во износ од 7.500,00 евра, која ќе биде доделена според вкупниот број на освоени гласови во финалната вечер;

-    3та награда во износ од 5.000,00 евра, која ќе биде доделена според вкупниот број на освоени гласови во финалната вечер;

-    Награда “НИКОЛА БАДЕВ“ за најдобра вокална изведба во износ од 1.000,00 евра, која ќе му се додели на најдобриот изведувач согласно одлуката донесена од страна на стручна комисија;

-    Награда “ДРАГИ МИТЕВ“ за најдобар аранжман во износ од 1.000,00 евра, која ќе му се додели на најдобриот аранжер согласно одлуката донесена од страна на стручна комисија;

-    Награда “МИЛЕ БРЗАНОВ“ за најдобар дебитант во износ од 1.000,00 евра, која ќе му биде доделена на најдобриот интерпретатор-дебитант на фестивалот, согласно одлуката донесена од страна на стручна комисија; и

-    Награда за најдобар сценски настап во износ од 1.000,00 евра, која ќе му биде доделена на интерпретаторот со најдобар сценски настап, согласно одлука донесена од страна на стручна комисија

 

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА КОНКУРСОТ

-На конкурсот може да учествуваат сите заинтересирани домашни и странски автори и изведувачи кои ги поседуваат потребните квалификации и кои сакаат да се истакнат со својот квалитет, способност и креативност.

-Еден изведувач или музичка група може да учествува на фестивалот најмногу со една композиција.

-Еден автор на музика или текст може да учествува на фестивалот најмногу со две авторски дела.

-еден автор на аранжман може да учествува на фестивалот најмногу со три авторски аранжмани.

-Материјалите на Конкурсот задолжително треба да се пратат под шифра.

-Организаторот нема обврска да им ги врати материјалите на авторите и изведувачите од композициите кои нема да бидат прифатени на Конкурсот.

-Организаторот презема обврска да го истакне списокот со имињата на сите примени композиции на својата официјална интернет страна, односно на www.valandovo.gov.mk. Организаторот нема обврска поединечно да ги информира оние автори чии композиции нема да бидат примени на Конкурсот.

-Организаторот со авторите чии дела ќе бидат избрани на Конкурсот, ќе склучи договор и ќе им исплати надомест во износ од 30.000,00 денари. Со склучување на договорот, авторите имаат обврска на организаторот да му ги пренесат правата за прво јавно изведување, за радиодифузно емитување, за тонско и видео снимање, умножување и продажба на носачи на слика и звук, објавување на тонските и видео записите на интернет и друго, како и право организаторот овие права да ги пренесува на трети лица.

-Организаторот ќе стане сопственик на фонограмот што ќе биде снимен.

-Постпродукцијата на сите примени композиции ја реализира организаторот

-Изборот на композициите што ќе бидат премиерно изведени на фестивалот на новосоздадени македонски народни песни “ФОЛК-ФЕСТ Валандово 2015“ ќе биде напправен од страна на стручна селекциона комисија.

УСЛОВИ ЗА ИЗГОТВУВАЊЕ НА КОМПОЗИЦИЈА

Авторите се должни да достават оригинална композиција напишана за вокал и народен оркестар изработена во духот на македонската народна музика. Композицијата треба да биде оригинална и досега неизведувана. Квалитетот на песните треба да биде во сооднос со реномето на фестивалот. Композициите доставени на Конкурсот не треба да бидат подолги од 4’15“. Текстот на композицијата треба да биде на македонски јазик.

На конкурсот нема да бидат земени на разгледување оние композиции во кои се промовира говор на омраза, расна или верска нетолеранција, во кои се кршат човековите права или се заговара употреба на недозволени средства.

 

УПАТСТВО ЗА ИСПРАЌАЊЕ НА МАТЕРИЈАЛИТЕ НА КОНКУРСОТ

Конкурсниот труд треба да биде доставен во затворен плик со димензии А4 формат на кој од предната страна ќе биде испишан следниот текст:

 
ДО ОПШТИНА ВАЛАНДОВО

УЛ. “ИВО ЛОЛА РИБАР“ ББ

2460 ВАЛАНДОВО, Р.МАКЕДОНИЈА

 

ЗА ФЕСТИВАЛОТ НА НОВОСОЗДАДЕНИ МАКЕДОНСКИ ПЕСНИ “ФОЛК-ФЕСТ“ ВАЛАНДОВО 2015

-КОНКУРС

Конкурсниот труд треба да ги содржи следните материјали:

1.Композицијата треба да се достави во испишана мелодиска линија отпечатена во два идентични примерока на А4 формат;

2.Текстот на песната треба да се достави испишан со кирилично писмо и отпечатен во два примерока на А4 формат;

3.Аранжманот на композицијата треба да биде распишан за вокал и народен оркестар, треба да биде комплетно изработен и потребно е да се достави во еден примерок отпечатен на А4 формат (ИНФО);

4.Демо снимката од композицијата треба да биде снимена на АУДИО ЦД и треба да се достави во два идентични примерока.

 

ВАЖНО ПРАВИЛО

На погоре наведените материјали треба да стои само насловот на песната. На ниту еден од нив НЕ СМЕЕ да бидат наведени имињата на авторите или изведувачите. Материјалите на кои ќе биде забележано отстапување на наведеното правило, нема да бидат земени на разгледување.

5.Податоците на авторите и изведувачите задолжително треба да бидат доставени во посебен затворен бел плик во стандардна димензија. Ковертот од предната страна треба да има назнака: ПОДАТОЦИ ЗА АВТОРИТЕ-НЕ ОТВАРАЈ! Веднаш под назнаката треба да се наведат: шифрата и насловот на композицијата. Пример:

ПОДАТОЦИ ЗА АВТОРИТЕ-НЕ ОТВАРАЈ!

ШИФРА: ФОЛК-ФЕСТ ВАЛАНДОВО 2015

НАСЛОВ НА КОМПОЗИЦИЈАТА: ЗБОРОВИ

Податоците за секој автор поединечно треба да се отпечатени на посебен лист и треба да ги содржат следните информации:

-Име и презиме на авторот;

-Вид на дело/дела кое го има изготвено авторот (музика, текст или аранжман);

-Наслов на композицијата;

-Адреса;

-Мобилен телефон;

-Фиксен телефон;

-е-маил адреса.

Податоците за секој изведувач поединечно треба да се отпечатени на посебен лист и треба да ги содржат следните информации:

-Име и презиме на изведувачот;

-Наслов на композицијата;

-Адреса;

-Мобилен телефон;

-Фиксен телефон;

-е-маил адреса.

Податоците за музичка група треба да се отпечатени на посебен лист и треба да ги содржат следните информации:

-Име на групата;

-Име и презиме на сите членови на групата;

-Овластен претставник на групата;

-Наслов на композицијата;

-Адреса на овластениот претставник на групата;

-Мобилен телефон од овластениот претставник на групата;

-Фиксен телефон од овластениот претставник на групата;

-е-маил адреса од овластениот претставник на групата.

6.Секој автор на музика, текст и аранжман е должен да достави нотарски заверен документ, во кој ќе биде содржано:

-Изјава дека композицијата е лично авторско дело кое претходно не било изведувано;

-Изјава за согласност за процентуална распределба на паричните средства  од надоместот;

-Изјава за согласност за процентуална распределба на паричните средства во случај на евентуално освоена награта 1во, 2ро или 3то место.

 

Изјавите од авторите задолжително треба да бидат доставени во посебен затворен бел плик во стандардна димензија. Ковертот од предната страна треба да има назнака: ИЗЈАВИ ОД АВТОРИТЕ-НЕ ОТВАРАЈ! Веднаш под назнаката треба да се наведат: шифрата и насловот на композицијата. Пример:

 

ИЗЈАВИ ОД АВТОРИТЕ-НЕ ОТВАРАЈ!

ШИФРА: ФОЛК-ФЕСТ ВАЛАНДОВО 2015

НАСЛОВ НА КОМПОЗИЦИЈАТА: ЗБОРОВИ

 

НАПОМЕНА:

Материјалите кај кои ќе бидат забележани недостатоци или неуредна достава, нема да бидат земени на разгледување.

РОК ЗА УЧЕСТВО НА КОНКУРСОТ

Конкурсниот рок за поднесување на композициите е 60 дена од денот на објавување на конкурсот или до 13 Април 2015 година. Апликациите се поднесуваат најкасно до 14,00 часот во архивата на Општината Валандово или по пошта адресирани до општина Валандово, ул. Ивло Лола Рибар бб- 2460 Валандово. Во предвид ќе бидат земени материјалите кои ќе бидат испратени по пошта најдоцна последниот ден од Конкурсот и ќе содржат валиден поштенски жиг, како и материјалите кои најдоцна последниот ден од конкурсот ќе бидат уредено заверени во архивата на општина Валандово до 14,00 часот.

 

ФОЛК-ФЕСТ ВАЛАНДОВО 2015

Организатор:

ОПШТИНА ВАЛАНДОВО