Саша Барон Коен во улога на Фреди Меркјури

30.03.2015 13:41

Информацијата ја потврди менаџерот на групата Квин, Џим Бич.

Актерот Саша Барон Коен ќе режира филм, ќе пишува сценарио и ќе го глуми легендарниот пејач на групата Квин, Фреди Меркјури.
 
Информацијата ја потврди менаџерот на групата Квин, Џим Бич.
 
Коен претходно го напушти снимањето на филмот за Меркјури поради „креативни несогласувања“ со актуелните членови на Квин, Брајан Меј и Роџер Тејлор.
 
Претходно се шпекулираше дека актерот Бен Вишо ќе го глуми Меркјури.