Стартува 1/4-финалето во Мајами

01.04.2015 17:54

На машкиот дел од турнирот познати се четвртфиналните двојки. Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ ќе игра со 7-от носител Давид Ферер...

Финишира мастерс тенискиот турнир во Мајами. На машкиот дел од турнирот познати се четвртфиналните двојки. Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ ќе игра со 7-от носител Давид Ферер,4-от Фаворит Кеи Нишикори за пласман во полуфиналето ќе треба да го мине Иснер,1/4-финалната програма ќе ја отворат треторангираниот во Мајами, Енди Мареј со дуелот против Тим,а 8-от носител Бердих за противник го има  Монако.

Кај тенисерките е формирана првата полуфинална двојка.Суарез Наваро по победата над Венус Вилијамс со 2-1 во полуфиналето ќе игра со 9-тата носителка Андреа Петкович која беше поуспешна во 2 сета од Плискова,додека втората полуфинална двојка ќе биде комплетирана по мечевите меѓу првата носителка Серена Вилијамс и Лисицки и треторангираната Халеп која за полуфинале ќе игра со Стивенс.