Работилницата е замислена како школа на која ќе бидат обработени елементи од сајбер стратегиите

Во Охрид регионалната школа за сајбер одбрана

21.10.2013 12:20

Над 45 лица од Македонија, Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија, Словенија, Хрватска и од Црна Гора, вработени во државни институции ќе учествуваат на НАТО регионалната школа за сајбер одбрана

Над 45 лица од Македонија, Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија, Словенија, Хрватска и од Црна Гора, вработени во државни институции  ќе учествуваат на НАТО регионалната школа за сајбер одбрана што денеска ќе се одржи во Охрид.
 
Школата, која е коорганизирана од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“-Скопје и од Правниот факултет од Љубљана, Република Словенија, ќе ја отвори министерот за одбрана Талат Џафери.
 
Оваа работилница е замислена како школа на која ќе бидат обработени елементи од сајбер стратегиите, развојот на вештини и техники за креирање на одбрана од технички аспект, како и обработка на прашања и развивање вештина од доменот на меѓународното право кои се однесуваат на оваа област.
 
За време на школата, учесниците ќе имаат можност преку заеднички сесии и пленарни предавања од врвни експерти од областа да ги научат најновите достигања во сајбер одбраната.