Атланта го загуби натпреварот од Мемфис со 90:82

Антиќ постигна четири поени на домашен терен

21.10.2013 12:31

Првиот настап во дресот на Атланта на домашен терен Перо Антиќ го заврши со четири поени

Првиот настап во дресот на Атланта на домашен терен Перо Антиќ го заврши со четири поени за нецели 22 минути колку што мина на теренот. 
 
Во ударите за три поени првиот Македонец кој заиграл во НБА екипа, биеше 0-3, за два поени имаше учинок 2-4, забележа и 4 скокови сите во одбраната, имаше 2 украдени топки и 2 грешки. 
 
Атланта го загуби натпреварот од Мемфис со 90:82 (28:14; 25:26; 17:28 и 20:14). 
 
Најефикасен на натпреварот беше Џерид Бејлес (Мемфис) со 22 , додека кај Атланта, Пол Милсап реализираше 19 поени. 
 
Екипата за која игра македонскиот кошаркар следниот подготвителен меч го има на 22 октомври против Индијана.