РЕШЕНИЕ за листа од која се избираат членови на комисија за избор по конкурс за создавање на нови композиции во 2015 година

09.04.2015 14:41

Врз основа член 15 став 7 од Закон за поддршка на домашната музичка продукција(Сл.весник на РМ бр.119/13) во врска со член 6 од Правилник за начинот на бодирање и вршење на избор на членови на листа од која се избираат членови на комисијата за избор по конкурсот за создавање на нови композиции бр.01-1641/1 од 04.03.2014 година, Директорот на Јавно радиодифузно претпријатие Македонска радиотелевизија Скопје го донесе следното:

 

Р Е Ш Е Н И Е

 

СЕ УТВРДУВА ЛИСТА од која се избираат членови на комисија за избор по конкурс за создавање на нови композиции во 2015 година, а согласно Законот за поддршка на домашната  музичка продукција која гласи:  

 

  1. Ванчо Димитров – автор;
  2. Јошко Бошковски – музички уредник,
  3. Златко Попчевски – автор;
  4. Дритон Сулејмани – музички продуцент;
  5. Бојан Митановски – автор;
  6. Васка Наумова-Томовска – музички уредник;
  7. Орце Гелевски – музички уредник;
  8. Димитар Чемков –музички уредник;
  9. Благоја Здравковски – автор;
  10. Радица Митиќ- музички уредник;
  11. Лилјана Автовска - музички уредник;
  12. Методија Автовски - музички продуцент;
  13. Никола Фириев- музички уредник;
  14. Константин Карев- изведувач;
  15. Деан Ќурчиев- автор;
  16. Ристо Апостолов-автор;
  17. Љупчо Стојановски - автор;
  18. Сузана Стефановска - музички уредник;
  19. Васко Фотиу- изведувач;
  20. Зоран Трпков- автор;
  21. Симеон Иванов-Канго- автор;
  22. Зоран Рудан - автор;
  23. Васко Мирчевски - автор;
  24. Цане Петров- автор;
  25. Томислав Таневски- автор;
  26. Трајче Органџиев- автор;
  27. Маја Вукичевиќ  -изведувач;
  28. Марко Коловски – музички уредник;
  29. Робертино Саздов – автор;
  30. Дамјан Лазаров – автор.

 

 

 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 

            Во член 15 од Законот за поддршка на домашната музичка продукција е предвидено Директорот на Јавно радиодифузно претпријатие Македонска Радиотелевизија – Скопје, по пат на јавен повик подготвува листа од 50 лица, автори на музички дела (музика, текст и аранжман), изведувачи, продуценти на аудиозапис, односно продуценти на видеозапис и музички уредници во радиодифузни организации од која по случаен избор се избираат членовите на комисијата која ќе учестува во постапката за одлучување по конкурсот. За подготовка на листата од ставот (1), ЈРП МРТ Скопје, во јануари тековната година објавува јавен повик. Јавниот повик се објавува во средствата за јавно информирање и на веб страницата на ЈРП МРТ Скопје и трае 30 дена од денот на објавувањето.

 

ЈРП МРТ Скопје согласно законската одрадба во текот на месец јануари 2015 година  објави јавен повик во средствата за јавно информирање и на веб страницата на ЈРП МРТ Скопје, во траење од 30 дена од денот на објавувањето.

 

            На јавниот повик аплицираа вкупно 33 заинтересирани лица, а од лицата кои ги исполнуваа условите, Директорот на ЈРП Македонска Радио-телевизија Скопје,  ја состави Листата на членови на начин како во диспозитивот на ова Решение, по принцип на бодирање при што предност имаа оние кандидати со најмногу бодови. Листата на членови се состои од 30 лица, бидејќи од заинтересираните лица кои се јавија на јавниот оглас  само лицата кои се наведени во диспозитивот на Решението ги исполнуваа условите предвидени во член 15 став 6 од Законот за поддршка на домашната музичка продукција и одредбите на Павилникот за начинот на бодирање и вршење на избор на членови на листа од која се избираат членови на комисијата за избор по конкурсот за создавање на нови композиции.

 

  ЈРП Македонска Радио-телевизија Скопје