Маглата сериозна опасност за здравјето

13.01.2014 11:32

Маглата  впива  (слично на сунѓер) , разни штетни честички од воздухот . Таа се одразува најлошо на луѓето со астма и други хронични заболувања . Често болните се соочуваат со потешкотии со дишењето ,  се задишуваат при  најмал напор како искачување по скали или брзо одење. Маглата се одразува лошо и на луѓето со проблеми во зглобовите и коските. Болните од артритис и остеопороза може да почувствуваат влошување на симптомите во текот на подолг маглив период.Маглата  се одразува непријатно и на болните од сезонскиот грип или настинка.
Маглата  впива  (слично на сунѓер) , разни штетни честички од воздухот . Таа се одразува најлошо на луѓето со астма и други хронични заболувања . Често болните се соочуваат со потешкотии со дишењето ,  се задишуваат при  најмал напор како искачување по скали или брзо одење. Маглата се одразува лошо и на луѓето со проблеми во зглобовите и коските. Болните од артритис и остеопороза може да почувствуваат влошување на симптомите во текот на подолг маглив период.Маглата  се одразува непријатно и на болните од сезонскиот грип или настинка. Магливото време ги влошува симптомите  како треска и кашлица .Меѓу најранливите при магливо време се доенчињата и малите деца. Магливото време може да  влијае и на емоционален план . Магливите денови  често влијаат на нашето расположение . Психолозите велат дека почувствителните луѓе продолженото  магливо време може да ги турне во  депресивна состојба . Во случај да  работите на отворено или ви се наметнува долго време да одите во маглата , еве неколку совети како да се чувствувате подобро .Пијте жешки течности , што може  почесто. Дишете преку нос. Тој е природен филтер на валканиот воздух. Дишете во шал , но не повеќе од неколку минути. Бактериите онака ќе заглават во  него .