Скарлет Јохансон помалку ќе работи

14.04.2015 11:38

Таа призна дека по раѓањето на ќеркичката Роуз и се смениле приоритетите...

На доделувањето на МТВ филмските награди во неделата навечер, Скарлет Јохансон (30) во розов комбинезон покажа дека само седум месеци по породувањето ја вратила старата фигура.

Таа призна дека по раѓањето на ќеркичката Роуз и се смениле приоритетите.

За време на овие седум месеци ретко се појавуваше во јавност и како што самата рече, сега распоредот и е преполн со родителски обврски.

Имам поголема одговорност, тоа дефинитивно влијаеше на мојот распоред. Пред  Роуз носев одлуки кои се однесуваа само на мене, но сега морам да мислам и на неа. Сигурно и помалку ќе работам, рече актерката, дополнувајќи дека да се биде мајка е убаво и инспиративно.

Ќерката ја доби со партнерот Роман Дуријак.