Селктирани композиции за Фестивалот на Новосоздадена авторска фолк мелодија „Цветници 2015“

14.04.2015 15:49
Македонската радио телевизија ја продолжува традицијата на фестивалот  на нови фолк мелодии- во духот на македонската мелопоетска традиција-„Цветници 2015“.
 
Фестивалскиoт бренд на МРТ во областа на народната музика, од самиот почеток на востановување, уникатен од аспект на форматот со комплетна изведба во живо - „Цветници“ е востановен во 1990-тата година и од самиот почеток претставува предизвик за учество на најреномираните авторски и интерпретаторски имиња од македонската музичка сцена.
 
Од 2003-та до 2010-та година – поради состојбите со Музичката продукција и оркестрите на МРТ, фестивалот не се одржува.
 
Во 2011-та година се одржува 13-тото издание кое всушност го навести повторното враќање на оркестрите и сјајот на музичката продукција на МРТ.
 
Годинава се одржува 16-тото издание на „Цветници“, со натпреварувачки карактер и 14 нови авторски фолк композиции чијшто конечен пласман го одредуваат гласовите од телевоутингот и стручното жири, во однос 50:50 проценти.
 
И оваа година МРТ доделува три награди, од коишто првата е во висина од 600.000 денари, втората во висина од 450.000 денари и третата во износ од 300.000 денари.
 
На фестивалот ќе се исполнат 14 композиции на дел од најетаблираните авторски имиња на македонската фолк музичка сцена од реномирани интерпретаторски имиња со Големиот народен оркестар на МРТ.
 
Директниот пренос од фестивалот „Цветници 2015“ на 28.04.2015 година ексклузивно од Студиото 1, ќе се емитува на првата програма на МТВ со почеток во 20:30 часот.
 
 

„ Ц В Е Т Н И Ц И “   2015

 

НАСЛОВ НА ПЕСНА

МУЗИКА

ТЕКСТ

АРАНЖМАН

ИСПОЛНИТЕЛ

1

ЧУДЕН Е ОВОЈ ГРАД

ВАСИЛ ДИМОВСКИ ЏИМИ

БИЛЈАНА БУЛДИОСКА ТАСЕВА

ЉУПЧО ПАВЛОВСКИ 

МИЛЕ КУЗМАНОВСКИ

2

ПУСТИНА

ЦАНЕ ПЕТРОВ

ТОМИСЛАВ  КОТОРЧЕВИЌ

ЦАНЕ ПЕТРОВ

ГРУПА СОНАТА

 

3

МАРИЈА

МИЛАН ЗАФКОВ

ЕЛЕНА ГЕОРГИЕВА

МИЛАН ЗАФКОВ

KРИСТИЈАН ТАСЕВСКИ

4

ДОВИДУВАЊЕ

ДАРКО ИЛИЕВСКИ

ОРЦЕ ЗАФИРОВСКИ

ДАРКО ИЛИЕВСКИ

МИЛИЦА КУЗМАНОВСКА

5

ВЕЌЕ НЕ СУМ ТВОЈ

ДАЛИБОР ЃОШИЌ

БОРЧЕ НЕЧОВСКИ

ДАЛИБОР ЃОШИЌ

ДАЛИБОР ЃОШИЌ

6

ВЕЧНА ДА Е МАКЕДОНИЈА

ТОДОР ТРАЈЧЕСКИ

ЕЛИ ТАНСАКОВСКА

ТОДОР ТРАЈЧЕСКИ

МИШКО КРСТЕВСКИ

7

ДВЕСТА ДАВАМ

ГРИГОР КОПРОВ

ДРАГАН ТАНЕВСКИ

ЦАНЕ ПЕТРОВ

БЛАГОЈА ГРУЕВСКИ

8

ЉУБОМОРНА

НИКОЛА АВТОВСКИ

БОРЧЕ НЕЧОВСКИ

НИКОЛА АВТОВСКИ

ЗУИЦА ЛАЗОВА

9

ПУШТИ МЕ

ДАЛИБОР ГОШИЌ

БОРЧЕ НЕЧОВСКИ

ДАЛИБОР ГОШИЌ

НАУМ ПЕТРЕСКИ

10

ПЕЈ ГРЛО МОЕ

МИЛЕ БАРБАРОВСКИ

ЃОРЃИ БАРБАРОВСКИ

МИЛЕ БАРБАРОВСКИ

БЛАГА ПЕТРЕСКА

11

НИТУ ЕДНА НЕ Е  КАКО ТЕБЕ

ДАРКО ИЛИЕВСКИ

ОРЦЕ ЗАФИРОВСКИ

ДАРКО ИЛИЕВСКИ

КИРИЛ МИТОСКИ

12

ВИНО ЉУБОВ И МУЗИКА

ДРАГИ СТАНКОВ

НАТКА АНЧЕВА

ДРАГИ СТАНКОВ

ЛЕНЧЕ КУКИЌ И БЛАГИЦА КАЛЕВА

13

ПЕСНО МОЈА

ТОМИСЛАВ КОТОРЧЕВИЌ

ТОМИСЛАВ КОТОРЧЕВИЌ

ЉУПЧО ТРАЈКОВСКИ - ФИС

ВИОЛЕТА ТОМОВСКА

14

КОГА СИ ДО МЕНЕ ТИ

ОРЦЕ ЛАЗАРОВ

БОРЧЕ НЕЧОВСКИ

ОРЦЕ ЛАЗАРОВ

АНАСТАСИЈА ПЕТРЕСКА и ЈОВИЦА  МИЦЕВСКИ