Хамилтон на пол во пустината

18.04.2015 19:03

Себастијан Фетел имаше второ време со 4 десетинки зад Хамилтон и ако се има предвид солидното тркачки темпо на Ферари тогаш за очекување е голема битка,особено што во вториот ред до Нико Росберг ќе стартува Кими Раиконен кој со 6 подиума е меѓу најуспешните во кратката историја на патеката Шакир...

Ако квалификациите се мерило,тогаш за очекување е возбудлива трка за големата награда на Бахреин.Не поради новата,4-та во серија пол позиција за актуелниот шампион Луис Хамилтон туку поради добрите квалификациски перфоманси на болидите на Ферари. Себастијан Фетел имаше второ време со 4 десетинки зад Хамилтон и ако се има предвид солидното тркачки темпо на Ферари тогаш за очекување е голема битка,особено што во вториот ред до Нико Росберг ќе стартува Кими Раиконен кој со 6 подиума е меѓу најуспешните во кратката историја на патеката Шакир.Кругот на кандидатите за висок пласман не се затвора со првата зошто веднап зад неа ќе бидат и конкурентните болиди на Вилијамс со Ботас и Маса. Меѓу првите 10 во денешните квалификации место обезбедија и Рикардо и Хулкенберг во 4-от и Сајнц со Гросжан во петиот стартен ред.

Мекларен и натаму е во проблеми,Батон се откажа уште на стартот без да постави време,а мала утеха е 14-тото место во квалифилациите на Фернандо Алонсо.

Во 10-годишната историја на бахреинското гранд-при,само 4 пати славел носителот на пол позиција,Хамилтон победи лани,но на пол беше Росберг,а како ќе биде утре во пустинската квечерина проверете на собранискиот сервис на МРТ низ преносот што ќе стартува нешто пред 17 часот.