Тенис мастерс 1000

Ѓоковиќ - Бердих за титулата во Монако

18.04.2015 22:09

Најдобриот во светот, Ѓоковиќ го елиминираше некогашниот крал на земјата, Рафаел Надал со двапати по 6:3...

Новак Ѓоковиќ и Томаш Бердих ќе играат во финалето на мастерс тенискиот турнир во Монте Карло. Најдобриот во светот, Ѓоковиќ го елиминираше некогашниот крал на земјата, Рафаел Надал со двапати по 6:3. Србинот се пласираше во четвртото финале во Монако кадешто победи пред две години.

Бердих само четвртипат во кариарата ќе игра за титула вредна илјада поени, откако со 6:4 и 6:1 беше подобар од Гаел Монфис. Во првото финале во Монте Карло, Чехот ќе влезе со негативна традиција против Ѓоковиќ од дури 18:2.