Ноле го освои Монте Карло, годинава со “3 од 3“ на Мастерс турнирите

19.04.2015 20:44

Иако го загуби првиот сервис гем, најдобриот светски рекет влезе во ритам и со два одземени противнички сервиси го доби сетот со 7 : 5...

Новак Ѓоковиќ триумфално го заврши Мастерсот во Монте Карло, со победа во 3 сета над Томаш Бердих. Иако го загуби првиот сервис гем, најдобриот светски рекет влезе во ритам и со два одземени противнички сервиси го доби сетот со 7 : 5. Чехот возврати во вториот сет кој го доби со 6 : 4, а во решавачкиот српскиот тенисер одигра на врвно ниво. Поведе со 4 : 0 откако направи два “брејка“ што беше недостижно за ривалот и на крајот триумфира со 6 : 4.

Тоа е вкупно 52 АТП турнир во кариерата за Ѓоковиќ, трет едноподруго во Мастерс елитната серија, а втор за него во кнежевството по оној во 2013 година. Доколку продолжи во ваков ритам, на добар пат е да го собори рекордот на елитните турнири од серијата Мастерс 1000, каде што тој и Надал имаат по 5 во една иста сезона. Бердих остана на два трофеја во Монте Карло каде што рекордер е Рафаел Надал со 8 титули, кој беше елиминиран од победникот во полуфиналето.