Иновативност

Дигитална палма во Дубаи- креација на македонски иноватор

23.04.2015 12:03

Иновацијата „Смарт палм“ е на македонскиот изумител Виктор Нелепа, основач на компанијата која стои за проектот...

Необично дрво никна во Дубаи, благодарение на македонската креативност. Дигиталната палма е дел од градот на иднината. Гранките се соларни панели, има приклучци за брзо полнење на мали апарати и емитува бесплатно Wi-Fi.

Иновацијата „Смарт палм“ е на македонскиот изумител Виктор Нелепа, основач на компанијата која стои за проектот.

Палмата, прва од овој вид, ја претставија познати шеици кои најавија уште 52 вакви дрвја кои ќе бидат поставени низ парковите и плажите во Дубаи.