Познат редоследот за настап на фестивалот „Цветници“ 2015

26.04.2015 15:03

Во студиото 2 на МТВ, денес, во емисијата „Плетенка“ беше извршено извлекување на редниот број за настап на интерпретаторите и песните за годинашново издание на фестивалот во духот на македонската музичка традиција „Цветници“ 2015.

Никола Мицевски уметничкиот директор на „Цветници“ најави музички квалитетно и возбудливо ново издание на овој фестивалски бренд на Македонската радио телевизија од областа на народната музика.

Подсетуваме, фестивалот „Цветници“ годинава ќе се одржи во  вторник на 28.04.2015 година со почеток во 20:15 минути.

Оваа година за големите награди на МРТ ќе одлучуваат гласовите на гледачите, како и гласовите на петчленото стручно жири, во сооднос од 50:50 % според евровизискиот начин на гласање.
Гласањето ќе трае 20 минути, при што од еден телефонски бро , т.е. една сим картичка ќе може да се гласа само еднаш за една композиција и интерпретатор.

Во текот на гласањето, на сцената во Студиото 1 на МТВ ќе се промовираат дел од композициите на новиот проект на Македонската Радио Телевизија,  подржан од Министерството за Култура на Република Македонија, насловен како „Непокор“ со звучни имиња од македонската забавна музичка сцена.

Во емисијата „Македонија наутро“ во понеделник и вторник, за гледачите на МТВ, ќе се доделуваат билети за новото фестивалско издание на „Цветници“.

Водител на фестивалот ќе биде познатото ТВ лице на МРТ- Дијана Гогова.

 

НАСЛОВ НА ПЕСНА

МУЗИКА

ТЕКСТ

АРАНЖМАН

ИСПОЛНИТЕЛ

1

ЧУДЕН Е ОВОЈ ГРАД

ВАСИЛ ДИМОВСКИ ЏИМИ

БИЛЈАНА БУЛДИОСКА ТАСЕВА

ЉУПЧО ПАВЛОВСКИ

МИЛЕ КУЗМАНОВСКИ

2

ПУСТИНА

ЦАНЕ ПЕТРОВ

ТОМИСЛАВ  КОТОРЧЕВИЌ

ЦАНЕ ПЕТРОВ

ГРУПА СОНАТА

3

НИТУ ЕДНА НЕ Е  КАКО ТЕБЕ

ДАРКО ИЛИЕВСКИ

ОРЦЕ ЗАФИРОВСКИ

ДАРКО ИЛИЕВСКИ

КИРИЛ МИТОСКИ

4

ВЕЌЕ НЕ СУМ ТВОЈ

ДАЛИБОР ЃОШИЌ

БОРЧЕ НЕЧОВСКИ

ДАРКО ИЛИЕВСКИ

ДАЛИБОР ЃОШИЌ

5

ДОВИДУВАЊЕ

ДАРКО ИЛИЕВСКИ

ОРЦЕ ЗАФИРОВСКИ

ДАРКО ИЛИЕВСКИ

МИЛИЦА КУЗМАНОВСКА

6

МАРИЈА

МИЛАН ЗАФКОВ

ЕЛЕНА ГЕОРГИЕВА

МИЛАН ЗАФКОВ

KРИСТИЈАН ТАСЕВСКИ

7

КОГА СИ ДО МЕНЕ ТИ

ОРЦЕ ЛАЗАРОВ

БОРЧЕ НЕЧОВСКИ

ОРЦЕ ЛАЗАРОВ

АНАСТАСИЈА ПЕТРЕСКА и ЈОВИЦА  МИЦЕВСКИ

8

ЉУБОМОРНА

НИКОЛА АВТОВСКИ

БОРЧЕ НЕЧОВСКИ

НИКОЛА АВТОВСКИ

ЗУИЦА ЛАЗОВА

9

ПЕСНО МОЈА

ТОМИСЛАВ КОТОРЧЕВИЌ

ТОМИСЛАВ КОТОРЧЕВИЌ

ЉУПЧО ТРАЈКОВСКИ - ФИС

ВИОЛЕТА ТОМОВСКА

10

ПЕЈ ГРЛО МОЕ

МИЛЕ БАРБАРОВСКИ

ЃОРЃИ БАРБАРОВСКИ

МИЛЕ БАРБАРОВСКИ

БЛАГА ПЕТРЕСКА

11

ВЕЧНА ДА Е МАКЕДОНИЈА

ТОДОР ТРАЈЧЕСКИ

ЕЛИ ТАНСАКОВСКА

ТОДОР ТРАЈЧЕСКИ

МИШКО КРСТЕВСКИ

12

ВИНО ЉУБОВ И МУЗИКА

ДРАГИ СТАНКОВ

НАТКА АНЧЕВА

ДРАГИ СТАНКОВ

ЛЕНЧЕ КУКИЌ И БЛАГИЦА КАЛЕВА

13

ПУШТИ МЕ

ДАЛИБОР ГОШИЌ

БОРЧЕ НЕЧОВСКИ

ДАЛИБОР ГОШИЌ

НАУМ ПЕТРЕСКИ

14

ДВЕСТА ДАВАМ

ГРИГОР КОПРОВ

ДРАГАН ТАНЕВСКИ

ЦАНЕ ПЕТРОВ

БЛАГОЈА ГРУJOВСКИ