Нови промени на Фејсбук

29.04.2015 13:54

Нотификациите ќе бидат многу подинамични од досега, а Фејсбук со тоа тргнува во уште пожестока борба со конкурентските социјални мрежи...

Фејсбук воведува промени во своите „нотификации“, односно, известувања кои се појавуваат на профилот, па затоа корисникот покрај родендените на своите пријатели ќе може да види и уште некои интересни работи.
 
Нотификациите ќе бидат многу подинамични од досега, а Фејсбук со тоа тргнува во уште пожестока борба со конкурентските социјални мрежи.
 
Ја тестираме подобрената ознака за нотификации на која ќе се појавуваат дополнителни релевантни содржини за се што може да ви биде од помош тој ден, изјави потпарол на Фејсбук.
 
Со новите промени нема да се дознава само чиј роденден е денес, туку ќе има и известувања за тоа кои пријатели ви се во близина и кои ресторани или барови работат.
 
Во известувањата ќе се најде и листа на настани на кои ќе присуствуваат ваши пријатели, како и други интересни случувања, теми и приказни кои во тој момент „сите ги читаат“ односно, се популарни на интеренет.