Лимоновиот сок е добар за организмот

29.04.2015 13:56

Тој е заслужен и во борбата против здравствените проблеми. Цитрусот ја намалува жедта и зголемената температура...

Лимоновиот сок го забрзува метаболизмот, го стимулира губењето на килограмите и превентивно влијае на мастите кои се таложат.

Тој е заслужен и во борбата против здравствените проблеми. Цитрусот ја намалува жедта и зголемената температура.

Лимонот е најдобар против грип и настинка. Тој го поттикнува организмот да ги исфрли непотребните токсини кои се создаваат  при настинка, при што лесно можат да се уништат сезонските вируси.

Цитрусот во лимонот добро делува на сувата кожа и ги отстранува дамките. Исто така, и дава хидратација на кожата и го отстранува мртвото ткиво.