Пирло останува во Јувентус!

14.01.2014 13:52

Андреа Пирло го продолжи договорот со Јувентус до 2016-та, пишува „Газета дело спорт“. Ветеранот не сакал да биде во недоумица за клупската кариера, а со тоа има намера во летниот период целосно да се насочи кон Светското првенство во Бразил.

Италијанскиот фудбалски репрезентативец ќе заработува по четири милиони евра од сезона, а во новиот договор му се вклучени дополнителни бонуси за различни статистички категории (голови, асистенции итн.). Јувентус се уште не ја потврди оваа информација, но се очекува тоа да го стори пред дербито со Интер на 2.февруари. 