Правилник и резултати од гласањето на фестивалот „Цветници“ 2015

30.04.2015 18:17

Со директен пренос од Студиото 1 на МРТВ, на 16-тото издание на фестивалот „Цветници“ беа изведени 14 композиции на дел од најетаблираните авторски имиња на македонската фолк музичка сцена, од реномирани интерпретаторски имиња, со Големиот народен оркестар на МРТ.

Наградата за животно дело отиде во рацете на доајенот на македонската народна музика, Иван Терзиев. Првата награда заслужено ја доби Благоја Грујовски, второнаградена е групата Соната.

Имајќи ја предвид ситуацијата дека на третата позиција беше пласирана и композицијата во изведба на Миле Кузмановски со еднаков број гласови, сепак според правилникот за одвивање на фестивалот превземен од  евровизиските правила за гласање, третата наградата ја добија Ленче Кукиќ и Благица Калева, кои беа повисоко рангирани од страна на стручното жири.

 

Правилникот за фестивалот Цветници 2015 може да го преземете на следниот ЛИНК

Комплетни гласови од жири можете да преземете на следниот ЛИНК

Гласовите од СМС гласањето може да ги преземете на следниот ЛИНК

Гласови во евровизиски поени од жири може да преземете на следниот ЛИНК

Конечни поени може да преземете на следниот ЛИНК