Како гласаа капитените за најдобар светски фудбалер

Изборот шарен, Кристијано Роналдо најдобар

14.01.2014 14:32

Иако Кристијано Роналдо, Меси и Рибери се речиси во изборот на сите репрезентативни капитени, имаше фудбалери и со различно мислење од мнозинството при гласањето за најдобриот во 2013-та во организација на ФИФА и на „Франс фудбал“.

За Пандев број еден е Рибери, а поени од екс предводникот на македонската репрезентација добија и неговиот некогашен соиграч во Наполи Кавани, како и Фалкао.

Иако Кристијано Роналдо, Меси и Рибери се речиси во изборот на сите репрезентативни капитени, имаше фудбалери и со различно мислење од мнозинството при гласањето за најдобриот во 2013-та во организација на ФИФА и на „Франс фудбал“.

За Пандев број еден е Рибери, а поени од екс предводникот на македонската репрезентација добија и неговиот некогашен соиграч во Наполи Кавани, како и Фалкао.

Иако не влезе во триото најуспешни, популарен кај капитените на земјите од некогашна Југославија е и Ибрахимовиќ. Хрватот Срна предност му даде на Кристијано Роналдо пред Меси и Ибрахимовиќ. Гласањето на Србинот Ивановиќ е исто како и конечниот распоред, Роналдо, Меси, Рибери. За Црногорецот Вучиниќ, до Кристијано Роналдо и Меси имаше место и за Пирло. За капитенот на Босна и Херцеговина, Спахиќ најдобар е Рибери, а гласови добија и Кристијано Роналдо и Ибрахимовиќ. Словенецот Цесар на врвот го смести Ибра, пред Роналдо и Рибери.

Интересно, главните кандидати не си поделија поени меѓу себе. Кристијано Роналдо смета дека најквалитетен во 2013-та бил Фалкао, а со него и соиграчот од Реал Мадрид Бејл, како и некогашниот Озил. Во изборот на Меси влегоа само фудбалери на неговата екипа Барселона и тоа по овој редослед, Иниеста, Чави, па Неимар. Рибери не е капитен на Франција, па во името на „триколорите“ гласаше Лорис и тоа разбирливо за Рибери, па за голманот на Баерн Нојер и уште за Бејл со кога заедно играа во Тотенхем.

За контроверзниот Ибрахимовиќ немаше подобри од најдобрите, но Швеѓанецот му даде предност на Рибери пред Меси со кого беше соиграч во Барса, а на третото место го стави Кристијано Роналдо.

И капитените на најсилните светски репрезентации имаа по некој свој фаворит. Бразилецот Тиаго Силва меѓу Меси и Роналдо го смести колегата од ПСЖ, Ибрахимовиќ. За италијанскиот голман Буфон број еден е соиграчот од Јувентус Пирло, па потоа Роналдо и Меси. За Германецот Лам, немаше дилеми, Рибери, па Роналдо и Меси. Предводникот на Холандија Ван Перси проценил дека Меси не одиграл сезона како репрезентативниот партнер Робен, Ибрахимовиќ и Роналдо. Аргентинецот не доби поен ниту од капитенот на Шпанија Касиљас, веројатно затоа што е играч на омразениот противник Барса, па голманот на Реал нормално гласаше за Кристијано Роналдо, за Рибери и за Робен. И во изборот на англискиот капитен Џерард имаше ново име и тоа соиграчот од Ливерпул Суарез на третото место зад најдобриот Кристијано Роналдо и Меси.