НБА

Двоен “брејк“ за Чикаго и ЛА Клиперс

05.05.2015 13:32

До крајот “коњаниците“ се закануваа, но не успеаја да направат пресврт. Роуз со 25 поени и Гасол со 21 поен и 10 скокови беа најзаслужни за победата, заедно со 10 тројки со 55 процентна реализација. Кај домашните Ирвинг постигна 30 поени, а Џејмс 19 поени 15 скока и 9 асистенции, но им недостасуваше повредениот Кевин Лав и суспендираниот Џеј Ар Смит...

Кошаркарите на Чикаго славеа на гостувањето во Кливленд со 99 : 92 во првиот дуел од полуфиналната пресметка во Источната конференција. Шесткратниот шампион го доби првиот периодсо 27 : 15 но Кливленд ја сведе негативата на 5 разлика. На стартот од второто полувреме Чикаго поведе со 16 предност па дозволи домаќинот да израмни, по што следуваше нова серија на “биковите“ од 15 : 0. До крајот “коњаниците“ се закануваа, но не успеаја да направат пресврт. Роуз со 25 поени и Гасол со 21 поен и 10 скокови беа најзаслужни за победата, заедно со 10 тројки со 55 процентна реализација. Кај домашните Ирвинг постигна 30 поени, а Џејмс 19 поени 15 скока и 9 асистенции, но им недостасуваше повредениот Кевин Лав и суспендираниот Џеј Ар Смит.

Гостинска победа оствари и ЛА Клиперс против Хјустон со 117 : 101, по сосема поинакво сценарио. Домаќините беа постојано во предност во првото полувреме, но драстично паднаа во второто во кое ривалот постигна 20 поени повеќе и убедливо го доби првиот меч. Брилијантно идание имаше Блејк Грифин со 26 поени 14 скокови и 13 асистенции и вторпат едноподруго оствари“трипл дабл“. Во отстуство на повредениот Крис Пол кој два дена порано ја реши мајсторката со Сан Антонио во последната секунда, резервистот Крафорд постигна 21, а Барнс 20 поени. Кај домашните Хауард го заврши мечот со 22 поена и 10 скокови, а Харден со 20 поени и 12 асистенции. По полноќ се играат вторите пресметки меѓу Атланта – Вашингтон и Голден Стејт – Мемфис.