Кошарка

Нема класично, но сите се дерби

05.05.2015 16:56

Утрешното седмо суперлигашко коло не содржи класичен дерби дуел, но во оваа конкуренција сите екипи се кандидати за полуфиналето...

Силниот мајски ритам е корекција за изместениот календар во кошаркарскиот шампионат. Утрешното седмо суперлигашко коло не содржи класичен дерби дуел, но во оваа конкуренција сите екипи се кандидати за полуфиналето.

Фени ќе го пречека МЗТ Скопје, Кожув ќе се сретне со Куманово, а Карпош Соколи ќе игра со Работнички. Преносот од овој меч е планиран за Собранискиот сервис од 20 часот, веднаш по фудбалот Вардар-Работнички.