Експресна реакција на 7 кратниот европски шампион

Сидорф седна на клупата на Милан

14.01.2014 15:48

Освојувачот на две титули во Лигата на шампионите, доаѓа на местото каде што ги доживеа најсветлите моменти во играчката кариера. Холанѓанецот има сизифовска задача, да ги врати сјајот и угледот на фудбалскиот Титаник, Милан.

37 годишниот Кларенс Сидорф е активен играч на бразилскиот клуб Ботафого, но според неговиот агент постои клаузула што веднаш го ослободува од обврските.

Милан вчера го отпушти Масимилијано Алегри, а еден од екс фудбалерите на гигантот од Милано изјави дека замената е вистинската. „Сидорф е одлична личност и многу е сериозен кога станува збор за професионалните обврски, мислам дека може да го смени менталитетот на фудбалерите.“ – истакна на вчерашната презентација на „ФИФА Балон Д’ор”, стоперот на ПСЖ, Тиаго Силва.

„Сигурен сум дека изборот е на место. И во минатото, дел од решенијата на Милан се покажаа клучни за успесите, сетете се на Ариго Саки и Фабио Капело кои го предводеа Милан без искуство.“ – од друга страна, рече тренерот на Реал Мадрид и уште една од најистакнатите фигури во историјата на росонерите, Карло Анчелоти.