Атланта израмни на 1-1

06.05.2015 16:07

Клучната предност Атланта ја направи во првата четвртина добивајќи ја со 28-20 и кога беше најпотребно во завршниот период со 26-15.Во меѓувреме Вашингтон одговори со 21 поен на Сизанс ,но недоволно да се анулираат 22 поена на Керол и 18-те на Хорфорд и Милсап...

8 поени за 20-тина минути игра постигна Перо Антиќ во победата на Атланта над Вашингтон со 106-90, за израмнување на 1-1 во победи во полуфиналето на источната конференција во американската професионална кошаркарска лига.

Клучната предност Атланта ја направи во првата четвртина добивајќи ја  со 28-20 и кога беше најпотребно во завршниот период со 26-15.Во меѓувреме  Вашингтон одговори со 21 поен на Сизанс ,но недоволно да се анулираат 22 поена на Керол и 18-те на Хорфорд и Милсап.следниот натпревар Атланта ќе го игра на терен на противникот,а победа на гостински терен славеше Мемфис над Голден Стејт за израмнување во серијата подобар до 4 на 1-1.Слично како Атланта и Мемфис ги доби првите две четвртини со вкупни 11 разлика па се покажа недоволна разликата од 7  поени што успеа да ја анулираат вориорси во втората половина од мечот.

Конлеј со 22 и Рандолф со 20 поени беа најефикасни во победничкиот состав ,а кај поразените Кари запиша 19 поени. Утре изутрина Кливленд го пречекува Чикаго,Хјустон –Лос Анџелес Клиперс во обид да ја искористат предноста на домашниот терен за израмнување на 1-1 во победи.