Изедначено на сите страни

07.05.2015 15:40

Џејмс повторно истрча со заштитниот знак - потачот на главата, што го остави во соблекувалната во март... и се си дојде на свое место.

Под закана од негатива што е скоро невозможно да се надомести, Леброн и Харден ги возвратија ударите.

Џејмс повторно истрча со заштитниот знак - потачот на главата, што го остави во соблекувалната во март... и се си дојде на свое место. Постигна 33 поени, беше најдобар стрелец на мечот, имаше 8 скокови и 5 асистенции, неговата екипа водеше и со 25 позитива. Ирвинг додаде 21 поен, во триумфот на Кавалирс против Булс, 106:91, за 1:1 во Источното полуфинале.

Втор меч во низа, Кливленд играше без Кевин Лав, кој што ја заврши сезоната поради дислокација на рамото и без казнетиот Џеј Ар Смит, кој што ја отслужи казната од два меча суспензија, поради исклучувачка грешка.

И Рокетс имаат свој Џејмс, Харден, кој што постигна 16 поени во последниот период, за победа на Хјустон против Клиперс. Во конечните 115:105, Харден имаше вкупно 32 поена, од само 17 удари од поле. Од линијата за слободни, немаше промашување во 15 обиди.

По полниќ е пауза, а в сабота има три натпревари. Атланта и Перо Антиќ гостуваат во Вашингтон. Клиперс се домаќини во дуелот со Хјустон. Чикаго ќе го пречека оној што се врати дома, со цел конечно да му донесе титула на својот град – Леброн Џејмс гостува во Јунајтед Центарот. Во сите серии, скорот е 1:1.