Кошарка - НБА

2:1 за Чикаго и за Клиперс

09.05.2015 17:31

Клиперс пак, го прегазија Хјустон со 124:99 затоа што ги имаа расположените, Џеј Џеј Ридик со 31 и резервистот Остин Риверс со 25 поени, што преставуваат нивни лични рекорди...

Брејкот во полуфиналните конференциски НБА серии Чикаго и Клиперс го потврдија со победи во првите домашни натпревари за водство од 2:1. Булс славеа против Кливленд со 99:96, благодарение на тројката на Дерек Роуз со звукот на сирената. Роуз постигна 30 поени, 26 од нив во второто полувреме. Џими Батлер даде 20, а заедно двајцата реализираа 23 од 25-те коша на Чикаго во последниот период.  Кај Кавалирс, Леброн Џејмс собра 27 поени и 14 асистенции.

Клиперс пак, го прегазија Хјустон со 124:99 затоа што ги имаа расположените, Џеј Џеј Ридик со 31 и резервистот Остин Риверс со 25 поени, што преставуваат нивни лични рекорди. Џејмс Харден со 25 коша и 11 асистенции и Двајт Хауард со по 14 коша и скока беа најкорисните кошаркари на Хјустон.

Атланта на Перо Антиќ, вечер при 1:1, ќе се обиде на првото гостување во Вашингтон да ја врати предноста на домашниот паркет.