Кошарка - Супер лига

Работнички до МЗТ Скопје, Кожув без плеј - оф

09.05.2015 22:57

Работнички славеше против Кожув со 83:73 и теортески ги остави гевгеличани без шанси за пласман во плеј - офот. Екипата од „Градски парк„ е втора со бод помалку од лидерот МЗТ Скопје Аеродром којшто вчера го декласираше третопласираниот Куманово со 107:58...

Домашниот паркет беше неоисвоив во двата суперлигашки кошаркарски натпревари од саботната програма на осмото коло.

Работнички славеше против Кожув со 83:73 и теортески ги остави гевгеличани без шанси за пласман во плеј - офот. Екипата од „Градски парк„ е втора со бод помалку од лидерот МЗТ Скопје Аеродром којшто вчера го декласираше третопласираниот Куманово со 107:58.

Во директниот дуел за четвртата позиција, Фени Индустри го совлада Карпош Соколи со 78:65 и му побегна два бода.

До крајот на сеперлигашкиот дел од првенството остануваат уште две кола.