НБА Лига, 1/2-финале по конференции

Атланта и Голден Стејт изедначија на 2:2

12.05.2015 12:44

Антиќ постигна 7 поени, остварувајќи и два скока и една асистенција за петнаесетина минути игра, но Џеф Тиг беше лидерот на Атланта со 26 коша, осум асистенции и со четири скока во мечот во којшто Вашингтон првпат во годинашниот плеј-оф зауби пред своите гледачи...

Најдобрите екипи по конференции на крајот од регуларниот дел од сезоната во НБА Лигата, Атланта и Голден Стејт, со гостински победи ноќеска не дозволија да се најдат во негатива од 3-1 во полуфиналните серии од плеј-офот. Хоукс на Перо Антиќ го надоместија домашниот пораз и изедначија против Вашингтон Визардс на 2-2, а тоа е резултатот по четири средби и меѓу Вориорс и Мемфис Гризлис.

Антиќ постигна 7 поени, остварувајќи и два скока и една асистенција за петнаесетина минути игра, но Џеф Тиг беше лидерот на Атланта со 26 коша, осум асистенции и со четири скока во мечот во којшто Вашингтон првпат во годинашниот плеј-оф зауби пред своите гледачи. Уште во првото полувреме Хоукс дадоа 65 поени и шутираа со 60 насто успешност, но тоа не беше доволно доволно да се оддалечат. Противникот не се откажуваше докрај, а во финишот дури се најде во можност да избори и продолжение. Херојот на Визардс од претходниот меч Пол Пирс промаши од дистанца на девет секунди пред крајот, по што што Атланта триумфираше со 106-101. На Визардс не им помогна ниту одличниот Бредли Бил со 34 поени, седум систенции и со шест скока.  Кај Атланта, Пол Милсап со 19 и Ал Хорфорд со 18 коша му беа силна поддршка на Тиг.

Само осум екипи во историјата на НБА добиле серија во којашто губеле со 3-1. Да не се најде Голден Стејт во таква ситуација, најмногу заслуги има најкорисниот играч на лигата Стеф Кари, којшто на гостувањето во Мемфис даде 33 поени, а имаше и осум скокови и пет асистенции. За убедливата победа од 101-84, значително му помогна и Дрејмонд Грин со 16 коша. Недостижни 17 разлика Вориорс направија уште во првиот дел, по што Гризлис никако не можеа да се вратат во мечот. Кај нив Марк Гасол заврши со 19 поени и 10 скока, но со лош шут од само 37 насто Мемфис не ни можеше да очекува нешто повеќе.