Андроид Лолипоп со двојно поголем пазарниот удел

12.05.2015 13:52

Андроид Лолопоп речиси двојно го зголеми својот удел на пазарот за само еден месец. Според претпоследните податоци, Лолопоп користеле 5 проценти од корисниците на Андроид, а по еден месец уделот на овој оперативен систем е зголемен на 9 отсто...

Оперативниот систем „Андроид“ на компанијата „Гугл“ забрзано го освојува пазарот, а неговиот удел се зголеми на 9 проценти за само еден месец. 
 
Андроид Лолопоп речиси двојно го зголеми својот удел на пазарот за само еден месец. Според претпоследните податоци, Лолопоп користеле 5 проценти од корисниците на Андроид, а по еден месец уделот на овој оперативен систем е зголемен на 9 отсто. 
 
Зголемувањето на пазарнот удел на новиот оперативен систем најверојатно е резултат на продажбата на нови смартфони со Андроид, како што се Самсунг Галакси С6 и С6 едџ. 
 
Претходникот на Лолопоп, КитКат падна од 41,4 на 39,8 проценти пазарен удел во истиот период, што покажува тренд на префрлање на корисниците на новиот ОС. 
 
Пад има и на постарите верзии на Андроид. Андроид Фројо, кој е стар пет години има пазарен удел од само 0,3 отсто.