60 години Златна палма

12.05.2015 13:55

Првата Златна палма ја освои во 1955 година американскиот филм „Марти“ во режија на Делберт Ман, со Ернест Боргнин во главната улога...

За филмаџиите ширум светот освојувањето на Златна палма, главната награда на Филмскиот фестивал во Кан, претставува важно меѓународно признание.
 
Оваа година познатиот трофеј - Златните палмови гранчиња  на кристална основа, слави 60 година.
 
Првата Златна палма ја освои во 1955 година американскиот филм „Марти“ во режија на Делберт Ман, со Ернест Боргнин во главната улога.
 
Од тогаш врачена е 54 пати, од кои во пет  пати делени од две остварувања. Златната палма една жена ја кренала само еднаш: во 1993 година кога  Џејн Кемпион од Нов Зеланд, победи со филмот „Пијано“.
 
Канскиот фестивал е основан во 1946 година, но во првите неколку години на победниците им е доделувана само повелбата „Гран при на Меѓународниот филмски фестивал“ покрај трудот на некој современ уметник.
 
Во 1954 година организаторите на фестивалот ги повикаа дизајнерите на накит да го осмислат трофејот инспирирајќи се со палмовата гранка од канскиот градски грб.
 
На тендерот победи предлогот на дизајнерката Лисијен Лазон.
 
Трофејот - палмова гранка во форма на срце на глинена основа, не им се допадна на сите, па во 1963 година е повлечен. Следните десет години лауреатите повторно примале само повелба.
 
Во 1974 годна Златна палма е вратена, а во 1977 годна го доби сегашниот изглед за кој е заслужна швајцарската дизајнерка, Каролина Шојфеле, копредседателка на позната компанија за накит „Шопар“.
 
Согласно ексклузиниот договор кој го врзува за фестивалот, „Шопар“ секоја година бесплатно го испорачува 20.000 евра вредниот трофеј.
 
Палмовата гранка со 19 златни листови, изработена е од 118 грама 18-каратно злато. Положена е на килограм тешко кристално постолје во форма на брусен дијамант.
 
Од 2013 година Швајцарската продавница за накит гарантира етничка „исправност“ на златните компоненти на наградата, односно, дека кон работниците - чиленски кооперанти од пустината Атакама и природната средина се постапува со почитување. Кристал се доставува од Германија.
 
На изработката на трофејот работат седум работници и јувелири во текот на 40 часа.
 
Што се случува меѓутоа, кога Златната палма мора да се подели на два филма? За да се спречи таквата можност, но и можната несреќа, се нарачува резервна Златна палма без врежан датум.
 
До моментот на нејзиното предавање, Златната палма се чува во сеф во јувелирницата, а на организаторите на фестивалот им се предава во последен момент, со големи мерки на безбедност и во строга тајност.
 
Од 2000 година мини Златни палми се доделуваат и на најдобриот актер или актерка на фестивалот.