Почина легендата на блузот - Б.Б Кинг

15.05.2015 13:40

На почетокот на месецов музичарот два пати бил хоспитализиран, поради дехидратација и поблаг срцев удар. Веста за смртта ја потврди неговиот адвокат...

Пејачот и гитарист Би- Би Кинг, кого многумина го нарекуваа „Кралот на блузот“ почина во Лас Вегас на 89 годишна возраст.

На почетокот на месецов музичарот два пати бил хоспитализиран, поради дехидратација и поблаг срцев удар. Веста за смртта ја потврди неговиот адвокат.

Кинг се смета за еден од најдобрите гитаристи во историјата, веднаш зад Џими Хендрикс и Двејн Алман.

За својата музика доби 14 награди „Греми“, вклучувајќи ја и онаа за животно дело во 1987 година.